Судејќи според некои тестови, „Sony Xperia Z Ultra“ би можел да се појави и како „Wi-Fi“ верзија.
Тестовите би можеле да бидат индикација дека „Sony“ има во план да влезе на пазарот на мали таблети со 6.4 инчен екран и тоа со моделот „Xperia Z Ultra“.
Уредот исто така е отпорен на вода и на него може да се пишува со обичен молив.
Цената и достапноста засега не се познати, но потои можност овој модел да биде поевтин од стандардната „LTE“ верзија.
„Xperia Z Ultra“ поседува „Qualcomm Snapdragon 800“ процесор на 2.2 GHz, 2GB RAM, 16GB интерна меморија, како и многу тенко куќиште од само 6.5 милиметри.