27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа листата на најиновативни земји се најдоа Македонија и Хрватска

На листата на најиновативни земји се најдоа Македонија и Хрватска

innovation50

Македонија и Хрватска се поместени на 48-то, односно на 34-то место на листата 50 најиновативни земји во светот, која ја објави агенцијата Блумберг.

Листата е составена врз основа на седум критериуми – интензитетот на спроведување на научно-истражувачките и развојни работи, нивото на продуктивноста на трудот, концентрацијата на високи технологии, процентот на истражувачи на милион луѓе, продуктивноста на индустријата, нивото на образование и патенти.

Хрватска индивидуално најдобар рејтинг има кога станува збор за патенти, по кои се наоѓа на 31. место, додека Македонија е најмногу вреднувана по концентрацијата на високи технологии и продуктивноста на индустријата, каде во двете категории го зазема 28. место.

Првите три места на листата ги заземаат САД, Јужна Кореја и Германија, а Хрватска, во вкупната пресметка на сите оценки по сите критериуми го дели 34. место со Словачка.

САД се наоѓаат на првото место поединечно во областа концентрација на високи технологии, додека Јужна Кореја е прва во категоријата патенти.

Интересно е дека во првите десет најиновативни земји во светот се наоѓаат шест европски – Франција, Шведска, Данска, Австрија, Финска и Германија, како и три азиски држави – Јапонија Сингапур и Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП