26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФиат се сели и го менува името?

Фиат се сели и го менува името?

marione fiati

До крајот на јануари ќе заврши спојувањето на италијанскиот „Фиат“ и американскиот „Крајслер“, па така настанатиот седми производител на автомобили во светот, ќе го промени своето име, вели Маркионе.

Каде ќе биде седиштето на компанијата ќе зависи од тоа на која берза ќе бидат нејзините акции, или во Милано или во Њујорк.

Новосоздадената компанија ќе се концентрира на производството на луксузните брендови како што се „Алфа Ромео“ и „Масерати“, затоа што во масовното производство на автомобили „има преголема конкуренција, помали се маржите, а иднината е комплицирана“, вели шефот на „Фиат“, Серџо Маркионе.

Тој и порача на германската компанија „Фолксваген“, дека за купувањето на „Алфа Ромео“, можат само да сонуваат.

Предупредувањето од рејтинг агенцијата „Moody’s“ дека со купувањето на преостанатите 41,5 проценти од „Крајслер“ за 4,35 милијарди долари, „Фиат“ на себе превзема големи долгови и со тоа може да ја загрози својата ликвидност, но тоа Маркионе не го загрижува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП