27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинатогодишната размена со странство изнесува 10,5 милијарди долари

Минатогодишната размена со странство изнесува 10,5 милијарди долари

izvoz

Република Македонија минатата година остварила вкупна размена со странство во износ од 10.512.779 илјади американски долари. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, од јануари до декември 2012 година, вредноста на извозот изнесува 4.001.857 илјади американски долари, а на увозот 6.510.922 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 отсто. Трговскиот дефицит, изнесува 2.509.065 илјади американски долари.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Податоците покажуваат дека најмногу стока се извесувало кон земјите членки на ЕУ 62,8 отсто и земјите од Западен Балкан 24,4 отсто, а најмногу се увезувале стоки од ЕУ 58,4 отсто од вкупниот увоз и земјите во развој 22,9 отсто. Од вкупниот обем на надворешно трговската размена, 47,1 отсто Македонија тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП