21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените во McDonalds, доказ дека еврото е преценето

Цените во McDonalds, доказ дека еврото е преценето

McDonalds_2192474b

Цените на производите на најголемиот светски ланец на ресторани за брза храна, „McDonalds“, можат да послужат како доказ за преценетост на еврото, тврди весникот „Economist“ во најновата анализа.

Секоја година започнувајќи од 1986 година, весникот „Economist“  во 50 земји во светот објавува листа со цени од најпознатиот производ во „McDonalds“, Биг Мек.

Во почетокот на оваа година цената на популарниот хамбургер се движи од 1,23 евра во Индија, до 6,69 евра во Венецуела, додека во еврозоната изнесува 3,59 евра, пренесува францускиот „Parisien“.

Со оглед на тоа дека е доста тешко да се спореди потрошувачката количка од една до друга земја, овој индикатор дава прецизна информација за вистинската куповна моќ во земјите. Варирањето на цената на овој производ истовремено е показател на односот на националната валута. На пример, Биг Мек на почетокот од 2013 година  во Америка чинеше 4,37 долари, а само 2,57 долари во Кина, што укажува на тоа дека кинескиот јуан е потценет за 41 отсто, се наведува во истражувањето.

Што се однесува на еврозоната, францускиот министер за економија би можел да биде потполно во право во врска со преценетоста на курсот на еврото, изјавува весникот.

Со просечна цена од 3,59 евра во почетокот на 2013 година, Биг Мек е поскап во еврозоната во однос на поголемиот број други земји во светот. Само неколку држави како што се Австралија и Турција имаат слична цена како во еврозоната. Во САД цената на почетокот од оваа година беше 3,22 евра, во Кина 1,90 евра.

Студијата нема претензии да има научен карактер, туку станува збор за една поедноставна, полесно разбирлива анализа на девизниот курс, но за нејзина сериозност придонесува фактот дека Биг Мек индексот е коригиран од износот на БДП (бруто домашниот производ) по жител. На тој начин се потврдува дека еврото е преценето, заклучува весникот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП