29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпаѓа довербата на потрошувачите во целиот свет

Опаѓа довербата на потрошувачите во целиот свет

consu1

На крајот на минатата година, довербата на потрошувачите во целиот свет е значително намалена, поради што повеќе од 60 проценти од анкетираните лица изјавиле дека наредните 12 месеци не се добар период за купување, покажаа податоците од истражувањето на консултантската компанија „Нилсен“.

Загриженоста околу буџетот на САД, како и грижата околу кризата во еврозоната ја потиснаа довербата на потрошувачите во последниот квартал од 2012 година. Речиси 63 проценти од анкетираните лица изјавиле дека наредните 12 месеци не се добар период за купување, а најголемо нарушување на довербата кај потрошувачите е забележано кај Европејците.

Потрошувачите во Азиско-пацифичкиот регион се покажале како најголеми оптимисти. Имено, 59 проценти од анкетираните во тој регион изјавиле дека наредните 12 месеци не се добар период за купување.

Индексот за глобалната доверба на потрошувачите во последниот квартал од минатата година се намали за еден поен во споредба со третиот квартал, тој изнесуваше 91 поен. Во споредба со истиот период минатата година, индексот е намален за два поени.

Индексот со помалку од 100 поени сигнализира дека потрошувачите се песимисти во врска со трошењето.

Само 10 од 58 анкетирани пазари имале индекс кој е поголем од 100 поени. Најоптимистички пазар во светот во тој период била Индија, втор квартал по ред со индекс на доверба од 121 поен. Потоа Филипини со 119 поени, Индонезија со 117 поени и Тајланд со 115 поени.

Најниска доверба кај потрошувачите е забележана во земјите на еврозоната, особено во Грција, чиј индекс на доверба изнесува 35 поени. Потоа Унгарија со 37 поени, Јужна Кореа и Португалија со 38 поени, Италија со 39 поени и Хрватска со 42 поени.

Истражувањето „Нилсен“ беше спроведено он-лајн, а во него беа вклучени 29.000 испитаници.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП