19 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Берлин – Извозот на Германија во ноември 2013 година е зголемен четврти месец по ред, благодарение на зголемената размена со земјите на ЕУ надвор од еврозоната. Во ноември вредноста на извозот, корегирана за сезонските варијации, пораснала 0,3 отсто, додека увозот се намалил 1,1 отсто, покажуваат податоците на Бундес бирото за статистика. За истиот месец, експертите предвидуваа раст на извозот од 0,35 отсто, но и порас на вредноста на увозот за 0,3 отсто. Надворешнотрговскиот суфицит во ноември изнесувал 17,8 милијарди евра, во споредба со 16,7 милијарди во октомври.

Белград – ФАС од Крагуевац во 2013 година извезла автомобили за вкупно 1,53 милијарди евра и е на прво место на листата на 15 најголеми српски извозници. На листата која ја објави Министерството за финансии на второ место е Нафтена индустрија на Србија со 303 милиони евра, следат панчевачката ХИП Петрохемија со 233,5 милиони, Тигар тајерс од Пирот со 231,4 милиони, вршачката компанија Хемофарм со 157,8 милиони. Меѓу најголемите извозници се и Горење со 129,7 милиони, Таркет од Бачка Паланка со 136,4 милиони, Железара Смедерево со 129,7 милиони, Вали од Белошевац со 118,2 милиони и Јура корпорација со 115,5 милиони евра.

Будва – Старата идеја хотелските комплекси во Бечиќи со жичара да се поврзат со живописното место Брајиќи над Будва, може конечно да се реализира, пишуваат Вијести. Општина Будва е подготвена веднаш да инвестира половина милион евра и да почне да гради прва жичара во Црна Гора. Проектот вреден 7 милиони евра, во кој локалната управа би учествувала со најмногу милион и петсто, би била заедничка работа на Општина Будва и фирмата Cable car Montenegro која е иницијатор за изградба на жичарата.

Љубљана – Словенија во декември 2013 година имала 124.015 регистрирани невработени лица што е 3,9 отсто повеќе од претходниот месец. Тој број за дури 5 отсто е повисок во споредба со декември 2012, објави словенечкиот Завод за вработување. Позитивен знак е што бројот на невработените во 2013 пораснал 11,5 отсто, но невработеноста е зголемена во сите групи, а најмногу во категоријата на возраст до 40 до 49 и од 30 до 39 години.

Загреб – Хрватското Министерство за поморство, сообраќај и инфраструктура соопшти дека не е точно дека Владата се откажала од постапката за концесионирање на автопатиштата. Министерството ги демантираше медиумските текстови дека покренува друг модел, нудејќи на граѓаните обврзници од Хрватски автопатишта (ХАЦ) во вредност од 200 милиони куни. Соопштение е на реакцијата на текстот на Јутарњи лист во кој се наведува дека Владата има нов план за автопатиштата, кој вклучува обврзници наместо концесија.

Лондон – Секој петти Британец мора сам да пријавува данок, роковите не се премногу строги, но сепак има многу кои се казнети со 100 фунти поради доцнење. Британските даночни власти наведуваат дека иако тамошните закони не се премногу строги, има многу неодговорни кои сакаат да се извлечат од плаќање на таа казна, а некои од нив и на многу необични начини. Даночниците затоа објавија и листа на 10 најбизарни, егзотични и чудни оправдувања. Во документот се додава дека даночните власти во иднина нема да можат да излезат во пресрет на тие кои ги пореметиле вулканските ерупции, се парализирале од болки или имале мистериозни инциденти со домашните животни.

Најроби – ММФ ќе ја ревидира во плус прогнозата на растот на светското стопанство и тоа за околу три недели, изјави директорката на таа институција, Кристин Лагард во Најроби. Таа не ги наведе причините за таа одлука. Во последниот извештај од октомври, под името Перспективи за светската економија, ММФ ја намали прогнозата за растот, наведувајќи дека глобалната економија во 2013 година ќе оствари раст од 2,9 отсто, а оваа година 3,6 отсто.

Пекинг – Производите на марката Гарние, една од водечките на Лореал, повеќе нема да се продаваат во Кина, соопшти оваа козметичка куќа. Одлуката е образложена со потребата да се фокусира на марките Лореал Пари и Мејбилајн Њујорк. Како што пренесе францускиот весник Капитал, одлуката на козметичкиот гигант следеше по неколку дена откако американската Ревлон објави дека се повлекува од кинескиот пазар на козметика, чија вредност се проценува на околу 26 милијарди долари годишно, а за периодот од 2010 до 2015 година се предвидува раст од 63 отсто.

Сиетл – Амазон оваа година наскоро ќе стане ново име на елитната листа на американските компании кои ја пробиле границата од 100 милијарди долари приход. На таа листа биле 20 компании во 2012 година, Амазон за 2013 прогнозирал околу 75 милијарди приходи, а Џеф Безос на компанијата сега и обезбеди уште поголем раст. Кварталниот раст на приходите на Амазон два пати по ред покажа значително забрзување, а освен од клучната дејност е-трговија, компанијата остварува се поголеми приходи од Клауд хостинг, за фирми и влади ширум светот.

Брисел – Стапката на невработеност во еврозоната во ноември се задржа блиску до рекордното ниво, т.е. на 12,1 отсто, покажуваат објавените податоци на Евростат. Во еврозоната во ноември имало 19,24 милиони невработени, што е за 4.000 повеќе во однос на октомври, т.е. за 452.000 повеќе во однос на ноември 2012 година, се додава во соопштението на Евростат.

Њујорк, Лондон – Милијардерите од целиот свет една од своите играчки често ја наоѓаат во најсилните фудбалски лиги, но истражувањата покажуваат дека инвестирањето во фудбалот не се исплатува. Како што пренесува Кварц, богаташите можат да си дозволат загуби, но сериозните инвеститори со намера да заработат треба да ги погледнат графиконите кои го покажуваат ефектот од акциите на фудбалските тимови, повеќето од нив имаа прилично лоши неколку години. Успесите на тимовите не се пресликуваат секогаш на цените на акциите, а американските аналитичари го наведуваат пластичниот пример со Манчестер јунајтед, наспроти слабите резултати по заминувањето на легендарниот тренер Алекс Фергусон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП