22 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Хрватското Министерство за сообраќај соопшти дека не е точно оти Владата се откажала од постапката за концесија на авто-патиштата. Министерството демантираше медиумски написи дека покренува друг модел нудејќи им на граѓаните обврзници на Хрватски патишта во вредност од 200 милиони куни.

Њујорк – Виртуелната банкнота Биткоин се опоравува и повторно надмина вредност од илјада американски долари. Во почетокот на декември таа валута имаше рекордна вредност од 1.238 долари, по што „падна“ на само 640 долари откако кинескиот онлајн пазар престана да го прифаќа биткоинот.

Варшава – Полскиот премиер Доналд Туск му порача на британскиот премиер Дејвид Камерон дека никој нема право да ги издвојува Полјаците како некаква штетна група. Полска според него, е подготвена да стави вето на измената на европските прописи за социјална помош ако со нив која било нација би била дискриминирана.

Њујорк – Најголемиот дел од меѓународни прекуокеански патнички авиони наскоро ќе имаат два мотора помалку, но тоа е сосем во ред, објавија американски медиуми. Тој договор подготвува економско зајакнување на Боинг 777 и прогласување крај за четиримоторните авиони за лет преку океан.

Берлин – Невработеноста во Германија во декември лани била 6,7 отсто што е за 0,2 отсто повеќе отколку во ноември. Во декември без работа останале 67.000 луѓе со што вкупниот број е зголемен на 2,87 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП