11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром подготвен за развој во Јапонија

Газпром подготвен за развој во Јапонија

gazpromgazgaz559

Компанијата „Газпром“ е подготвена да земе учество во развојот на внатрешниот енергетски систем на Јапонија, изјави Александар Медведев.

Заменик претседателот на управниот одбор на руската гасна корпорација, во интервјуто направено во првиот овогодишен број на јапонскиот весник „Хокаидо Шимбун“, рече дека „Газпром“ може на билатерално ниво да разговара за прашањата кои се однесуваат на енергетиката на Јапонија.

Покрај тоа, постои можност за соработка во проектирањето и изградбата на гасовод кој поврзува различни делови од основната територија на Јапонија, пренесува „Итар тас“.

Според оценката на јапонскиот весник, изјавата на заменик претседателот на „Газпром“ укажува на намерата на руската компанија да го зајакне своето влијание на енергетскиот пазар во Јапонија, за да обезбеди стабилна побарувачка за своите производи.

Јапонија е потполно испразнета од енергетски ресурси и нив ги увезува. Токио е најголемиот светски купувач на течен нафтен гас (TNG). Во 2012 година обемот на увоз бил 55,8 милиони тони. Покрај тоа, после хаваријата во нуклеарната електрана во Фукушима во 2011 година, Јапонија ги запре сите комерцијални нуклеарни реактори, што одеднаш предизвика трошоци на земјата за купување на горива за термоелектраните, вклучувајќи го и „TNG“.

Во врска со тоа, во последно време се поголеме значение за Токио има токму рускиот гас, кој чини околу девет проценти од јапонскиот годишен увоз на „сино гориво“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП