25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина: Кој ќе ги зголеми цените ќе биде казнет

Аргентина: Кој ќе ги зголеми цените ќе биде казнет

argentina1

Аргентина денес, во обид да ја запре инфлацијата, ги замрзна цените на производите во супермаркетите на два месеци.

Замрзнувањето на цените се однесува на сите производи во сите најголеми супермаркети во земјата, вклучувајќи ги и трговските синџири „Волмарт“, „Карфур“…

Овие компании, кои завземаат 70 проценти од аргентинскиот пазар, постигнаа договор со секретарот за трговија, Гилермо Морено, соопшти државната новинска агенција „Телам“.

Министерството им порача на потрошувачите да ги чуваат сметките и да го пријават секое покачување на цените кое ќе се случи до 1 април, моментот кога одлуката истекува.

Според проценките на експертите, инфлацијата оваа година би можела да достигне 30 проценти.

Меѓународниот монетарен фонд минатата недела ја критикуваше Аргентина за објавување на неточни економски податоци, исто така, и даде рок до септември, статистиката на земјата да биде во согласност со меѓународните стандарди, во спротивно во ноември ќе биде исклучена од истата организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП