3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама го зголеми лимитот за задолжување на САД

Обама го зголеми лимитот за задолжување на САД

signingobama

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за привремено зголемување на долгот на земјата, што значи дека до 19 мај американската влада нема да има потреба да бара одобрување од Конгресот за понатамошен раст на националниот долг, објавено е во Вашингтон.

Претходно одобрената граница за задолжување на државата во висина од 16,4 илјади милијарди долари, ќе биде надминат со одобрение на двата дома на Конгресот на САД, за околу 450 милијарди долари.

Ова ограничување ќе биде надминато, според експертите, во текот на овој месец. САД без законот кој го потпиша Обама вчера, ќе мораше да објави технички банкрот, со што би се  парализирале повеќето од  јавните служби, и најголемата економија во светот би ја ставило во кризна состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП