2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовремена куќа во Дубровник (фото)

Современа куќа во Дубровник (фото)

du1

„V2 House“ на „3LHD“ архитектите е многу модерен додаток на живописниот брег на Дубровник, во Хрватска.

Со својата уникатна геометрија и бела фасада, куќата е во контраст со архитектурата на околните згради, потврдувајќи го развојот на современиот минималистички стил.

Изградена на терен со неправилен облик, „V2 House“ има издолжена форма, со разни изданија кои овозможуваат собите да бидат пространи и изградба на тераса со спектакуларен поглед.

Единствените елементи за кои се чини дека и оддаваат почит на својата локација и локална архитектура се камењата и дрвото. Нејзината посебна личност од  надвор е делумно пресликана во затворениот простор, а прозорците од подот до плафонот овозможуваат неверојатен поглед на терасата, базенот и Јадранското море.

Со дрво секаде во просторот, секоја од собите зрачи со пријатна атмосфера, достојна за куќа за одмор во прекрасниот Дубровник каде ќе можете да уживате во уникатниот луксуз кој ви го нуди таа.

du4

du3

du10

du9

du8

du7

du11

du5

du6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП