17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Грчките островите забележан недостиг на стоки заради штрајкот на морнарите

На Грчките островите забележан недостиг на стоки заради штрајкот на морнарите

greeksailors

Први знаци на недостиг на стоки се забележува на голем број грчки острови поради штрајкот на морнарите во земјата, пишуваат грчките весници.

Весникот „Етнос“ наведува дека од минатиот четврток бродовите не пловат кон островите, каде веќе сериозно се чувствува недостиг на храна. Земјоделците од Крит бараат да биде прекината морската блокада на островот и да бидат превезени произведените стоки. – Секој ден штетите се оценуваат на 1,5-2 милиони евра, ризикуваме да ги загубиме и странските пазари, со кои имаме склучено договори, изјави претставник на производителите.

Синдикатот на морнарите денеска ќе одлучи дали ќе ги продолжи протестите. Министерот на трговската флота даде ултиматум дека ако штрајкот продолжи, Владата ќе преземе соодветни мерки.

Грчките морнари протестираат против предлог законот, поднесен од Владата до Парламентот, кој предвидува намалување на работните места и реформи во бродскиот превоз.

Синдикатот настојува да бидат потпишани колективни работни договори за секоја категорија бродови и исплата на сите плати.

Освен морнарите на готовност да преземат решителни дејствија се и грчките земјоделци, чии трактори се наоѓаат главните автопати во земјата.

Земјоделците бараат да им бидат исплатени парите кои им се доцнат за доставените производи, пониски цени за горивата и осободување од данок на земјоделските суровини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП