9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто мислат вашите потрошувачи?

Што мислат вашите потрошувачи?

potroshuvachi1

Клучот за да навлезете во мислите на потрошувачите е да слушате, но навистина да слушате, што тие имаат да кажат. Само тогаш, ќе можете да продавате ефективно.

Многу луѓе веруваат, дека продажбата се содржи од производ, решение или идеа. Всушност, најважниот дел на продажбата е слушањето на потрошувачите односно што тие имаат да кажат за вашиот бизнис.

За жал, многу луѓе се многу лоши во слушањето на своите потрошувачи , ова се нашите совети…

1. Прашувајте обмислени прашања

Сите знаат, дека затворените прашања ( на пр. оние што се со одговор од еден збор) го сопираат разговорот. Како и да е, ова не значи дека сите отворени прашања се креирани подеднакво. Подобро, наместо прашања кои се наведувачки, користете прашања или изјави кои го покануваат потрошувачот да се издигне над ситуацијата.

2. Бидете релаксирани и дишете длабоко

Популарниот термин активно слушање е погрешен. Слушањето по својата природа е пасивна активност во која со ставате себеси во рамка на умот како примач на тоа што другата личност ви говори. Ова е возможно, кога вашето тело е не подготвено за акција. Затоа, кога слушате, направете брза проверка на вашето тело, релаксирајте ги тензичните мускули, и земете длабоко воздух. Започнете да го правите ова, може да ви одземе неколку секунди. Со правилно вежбање овој метод набрзо ќе ви премине во навика.

3. Потиснете го вашиот внатрешен дијалог

Додека некој друг говори, изгледа лесно за вашиот ум да преземе контрола од ментално завршување на реченицата на потрошувачот и да одлучите што ќе кажете следно. Некои луѓе чувствуваат дека ова го правите, разбирајќи дека не биле слушнати, и се навредени дека не покажувате нивната барана почит.

4. Размислете за момент

Бидејќи сте го потиснале вашиот внатрешен дијалог, ќе ви треба малку време да размислите, што всушност потрошувачот кажал, па потоа да го формулирате вашиот одговор. Чудно, некои луѓе мислат дека паузата ги прави да изгледаат глупаво или дека се невнимателни. Потрошувачите, како и сите други, се чувствуваат важно и задоволно кога оној што слуша се грижи да им посвети време, за да разбере, што навистина тие кажале.

5. Потврдете што е кажано

Пред да додадете некои од вашите размислувања во разговорот, потврдете му на потрошувачот, што сте слушнале и дека сте разбрале што било кажано. Ако изјавата на потрошувачот е прилично едноставна, вашата потврда треба да биде разговорна како „Тоа е интересно ”. Доколку потрошувачот каже нешто комплексно, размислете и сумирајте што потрошувачот кажал. Со ова, не само што потврдувате дека сте слушале, но исто така тоа му дозволува на потрошувачот да ве корегира доколку не сте го разбрале добро и да обезбедите потврда дека имате јасна комуникација.

6. Адресирајте што потрошувачот навистина кажал

Претходните 5 чекори се бесмислени, ако го користите вашето време да зборувате, за тоа каде сакате разговорот да води. Одржете ги вашите коментари во границата на што тоа потрошувачот кажал и вашата реакција да биде во тој правец и вашите мисли на темата. Само тогаш треба да  продолжите со разговорот, со уште едно обмислено прашање или барање за следниот чекор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП