25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа подобро расположение каснете си...

За подобро расположение каснете си…

raspolozenie154666

Најновите истражувања откриваат дека ниските темпертури и недостигот на сонце не се единствените причини зошто се чувствуваме лошо во ладните зимски денови, туку треба да се обрне внимание и на тоа што го јадеме. За подобро расположениe каснете си….

Депресија поради студеното време

Освен што витаминот Д е важен за здрави и цврсти коски, тој е поврзан и со нашето добро расположение. На природен начин може да се добие преку консумирање на портокали, јогурт, лосос и инчун, додека спанаќот и гравот се идеални природни антидепресиви, бидејќи се богати со фолна киселина.

Недостиг на енергија

Дали знаевте дека џвакањето мастика ја подобрува циркулацијата во мозокот? За подобро расположение навистина е добро да се консумираат пијалоци со нане, но и балансираниот појадок со околу 400 калории. Исто така, добро е да се комбинираат протеини со јаглехидрати.

Слаб имунитет

За подобрување на имунитетот, најдобро е дневно да се внесуваат барем 75 милиграми витамин Ц преку папаја, портокали, пиперки, но исто така корисни за имунитетот се и состојките богати со бета каротен како спанаќ, брокула, кељ, додека лукот и пилешката супа се незаменливи.

Сува кожа

Сувата кожа може да ги зголеми воспаленијата и да го поттикне создавањето на егземи, акни и псоријаза. Решението се наоѓа во лососот, инчунот и оревите, кои се богати со омега 3 киселини.

Изгореници од скијање

Освен заштитата со крема за сончање, можете да ја зголемите отпорноста на кожата консумирајќи зелен чај, јадејќи темно чоколадо и храна која содржи ликопени како доматите и грејпфуртот.

Се надеваме дека вака ќе се расположите и ќе го подобрите вашето здравје оваа зима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП