За време на зимските денови, многу лесно можеме да ја зголемиме тежината, особено поради многубројните празници кога знаеме да се опуштиме во празнувањето, не грижејќи се линијата. Но, токму кога времето ќе се затопли, навистина е тешко да се поврати добрата линија.
Во текот на зимата, луѓето не обрнуваат големо внимание на тежината од различни причини, мислејќи дека до летото ќе си ја повратат тежината,но токму напротив, тежината само се зголемува.
Покрај незадоволството за физичкиот изглед, се јавуваат и сериозни здравствени проблеми како висок крвен притисок, зголемен холестерол и дијабетес.
Но, решението се наоѓа во менувањето на навиките што може да биде идеален начин за одржување на тежината.
План за празниците
Зимата не асоцира на празници и прослави, денови во кои се опуштаме со семејството и пријателите покрај богатата трпеза.
Но, ако имате добар план, успешно можете да го избегнете зголемувањето килограми и во текот на целата година, да останете во одлична кондиција. Едноставно треба да смислите начин за да останете физички активни. Можете да си направите распоред за пешачење, вежбање или слично.
Направете баланс меѓу празнувањето и физичките активности, работните обврски и стресот, со тоа што ќе ги избегнувате непотребните активности.
Деновите се пократки во зимските денови и токму затоа сме ограничени со движењето, но можете да вежбате во теретана или да организирате прошетки во природа со пријателите.
Избегнете ја депресијата
Поради кратките денови, има помалку сончева светлина и луѓето чувствуваат блага депресија во текот на зимскиот период. Доколку забележите дека ве опфаќа некое незадоволство, правилната исхрана, вежбањето и прошетките на сонце кога ќе има одлична можност за тоа, ќе бидат добредојдени.