16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard and Poor's: Владата на САД подготвува тужба поради кризата

Standard and Poor’s: Владата на САД подготвува тужба поради кризата

standard1

Бонитетната агенција „Standard and Poor’s“, соопшти дека владата на САД планира тужба против неа. Причината е тоа што агенцијата „Standard and Poor’s“ им дала висок рејтинг на хипотекарните хартии од вредност, чија цена подоцна значително опаднала, што довело до појава на финансиската криза во 2008 година.

Агенцијата „Standard and Poor’s“ наведе дека Секретаријатот за правда, ја известил дека постои намера да поднесе тужба поради рејтингот на спорните хартии од вредност од 2007 година.

Агенцијата  ја отфрли вината и оцени дека тужбата ќе биде без фактичка и правна основа.

Засега нема коментари од американската влада.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП