1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСе ближи крајот на ерата на Фејсбук?

Се ближи крајот на ерата на Фејсбук?

markco

Англиски научници спровеле студија која покажа дека социјалната мрежа Фејсбук не е веќе интересна и дека служи само за да се комуницира со постарите членови на семејството.

Според студијата, младите го заменија Фејсбук со поедноставните социјални мрежи, како што се Твитер и Снепчет.

„На младите им е срам кога ги поврзуваат со Фејсбук. Оваа година е забележан пад во популарноста на оваа социјална мрежа, а младите луѓе се повеќе се заинтересирани за други социјални мрежи, додека нивните постари роднини и родителите продолжуваат да го користат Фејсбук. Некогаш родителите беа загрижени дека нивните деца користат Фејсбук, а сега тие само бараат од младите луѓе да ја користат мрежата и да пишуваат постови за нивниот живот. Родителите научија да го користат Фејсбук и дека мрежата е начин за да се поврзете со семејството и да зачувуваат контакт. Како резултат на тоа, младите луѓе се свртуваат кон други социјални мрежи. Фејсбук е повеќе не е интересен за младите луѓе, кога на пример, мајката ќе испрати барање за пријателство“, рече професорот Даниел Милер од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Во студијата беа анализирани млади луѓе на возраст од 16 до 18 години од осум земји во текот на 15 месеци. Резултатите покажале дека нивниот интерес кон Фејсбук паѓа, и дека тие се насочени кон помали и поедноставни социјалните мрежи, како што се Твитер и Снепчет, и да ги користат апликации како „WhatsApp“, иако тие се свесни дека ништо не може да се спореди со Фејсбук.

„Младите луѓе знаат дека Фејсбук е технички подобар од Твитер или „Instagram“, но тоа не е секогаш најдобар начин за привлекување на младите корисници“, рече Милер.

Апликацијата „WhatsApp“ го надмина Фејсбук и стана број еден кога станува збор за услуги како што е размената на пораки, а популарноста на Снепчет во последните неколку месеци се зголеми значително, бидејќи им овозможува размена на пораки, кои потоа се самите се бришат со цел да се зачува приватноста.

Снепчет тврди дека преку овој сервис дневно се разменуваат 350 милиони пораки, а неодамна компанијата ја одби понудата на Фејсбук од три милијарди долари. Истражувањето покажа дека младите луѓе го користат Снепчет за да комуницираат со блиските пријатели, „WhatsApp“ за комуникација со познаници, а Твитер за да следат активности на други луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП