26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите кои најбрзо се развиваат се...

Земјите кои најбрзо се развиваат се…

svet

Кога се гледа статистички најбрзиот развој на земјите во светот, европските држави не се на листата меѓу првите 20.

„Business Insider“ состави топ листа на земји кои најбрзо се развиваат. Главни критериуми се прогнозите за економскиот раст за перодот од 2013 до 2015 година.

На листата неочекувано се наоѓаат следниве држави:

Монголија

Малку неочекувана на првото место на оваа листа. Извозот на стока во Кина и приливот на странските инвестиции се главен извор за економскиот раст на Монголија.

Ирак

Извозот на нафта се враќа на нивото пред војната, принципите на слободниот пазар се утврдени, а инфраструктурата се развива. Се очекува странските инвестиции повеќе да се зголемат отакако ќе се повлечат американските трупи.

Источен Тимор

Главен извор на растот е нафтата и природниот гас. Но останати извори, засега нема, а новата држава е деградирана од војната за незваисност од Индонезија.

Сиера Леоне

Растот на БДП во текот на минатата година изнесуваше 25 проценти, но со оглед на тоа што земјата беше опустошена од војната, тој раст е скок од нулата.

Мозамбик

Половина од буџетот на владата се полни со меѓународна помош, а поголемиот дел од населението живее под линијата на сиромаштијата. БДП во голема мера зависи од цената на алуминиумот. Во моментов таа е висока.

Гана

Околу половина од БДП на оваа, според приходот на граѓаните скромна африканска земја, е од релативно добро развиениот услужен сектор. Причината за оптимистичката прогноза за растот во иднина е индустријата на нафта, злато и какао.

Лаос

Околу 75 проценти од работоспособното население на Лаос преживува од одгледување на животни и обработка на земја, овиe дејности сочинуваат 35 проценти од БДП. Во последните дваесет години сиромаштијата е намалена од странските инвестиции во хидроенергетиката, рударството и градежништвото.

Ангола

Како членка на ОПЕК, оваа држава околу 85 проценти од БДП остварува преку индустријата поврзана со црпењето на нафта.

Етиопија

Кога се гледа БДП по глава на жител, Етиопија е на глобалното дно. Најголем дел од извозот е составен од кафето.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП