4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid и во моделите на Audi

Android и во моделите на Audi

google-audi

„Google“ и „Audi“ работат заедно на создавањето на системите за информации и забава на следните модели на автомобилскиот производител. Двете компании најверојатно ќе ја објават одлуката за време на најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот „CES-2014“, кој ќе се одржи во Лас Вегас следната недела, објави „The Wall Street Journal“.

Софтверот ќе е базиран на мобилната платформа „Android“. Основната цел е на возилата да им се обезбеди пристап до услугите и апликациите, кои веќе се широко достапни преку „Android“ уредите.

Во моментов двете компании не сакаа да коментираат на оваа тема. Филип Брабек , кој го предводи одделот за производни стратегии на „Audi“, сепак вели дека автомобилите стануваат се пософистицирани и со зголемувањето на компјутерската моќ во нив, сличните системи се потребни.

Одлуката на „Google“ е одговор на програмата „iOS во автомобилот“, која „Apple“ ја започна претходно во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП