2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајстарата банка во светот е пред колапс!

Најстарата банка во светот е пред колапс!

banka monte

„Banca Monte dei Paschi“, најстарата банка во светот е на работ на банкрот. Италијанската банка се најде во сериозни проблеми поради задоцнување при собирање на средства, кои може да резултираат со национализација на банката.

Поточно, проблемите се појавиле како резултат од одбивањето на финансиската понуда за продажба на акциите на банката, која е одложена од јануари до мај. Споменатото одложување може негативно да влијае на идното работење на банката, а Извршениот директор и управниот претседател би можеле да поднесат оставка.

На банката и се потребни 4.1 милијарди евра за го врати заемот од државата, кој на почетокот на годината го добија поради загубите на банката. Инаку во „Banca Monte dei Paschi“ планираа од продажбата на акциите да заработат 3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП