20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходот на директорот на Apple е 4.25 милиони долари

Приходот на директорот на Apple е 4.25 милиони долари

timce

Оваа година, платата на Извршниот директор на „Apple“, според проценките, ќе достигне 4.250.000 долари или два отсто повеќе од 2012-та.

Според американската интернет страна „SEC“, редовната годишна плата на Кук изнесува 1.410.000 долари, додека минатата година таа беше малку пониска, околу 1.360.000 долари. Сепак износот на бонусот остана на нивото од минатата година или 2,8 милиони долари. За неговото пензиско осигурување е уплатено 52.726 долари.

Во август 2011-та година, Тим Кук покрај својата основна плата беше награден со милион акции на компанијата „Apple“, кои тогаш беа во вредност од 378 милиони долари.

Сепак, договорот што Кук го има со „Apple“ го обврзува до 2016-та година да може ги продаде, доколку тоа го сака и тоа половината сега, а другата половина дури по 2021-ва.

За споредба, еден од основачите на „Apple“ и нејзин директор, Стив Џобс, кој поднесе оставка од својата функција неколку месеци пред да почине во октомври 2011-та година, имаше годишна плата од еден милион долари и 5.500.000 акции кои денеска имаат вредност од 2,3 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП