25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јакна на Елза Скиaпарели (фото)

Луксузната јакна на Елза Скиaпарели (фото)

zodi1

Елза Скиапарели се смета за една од најголемите ривали на познатата Коко Шанел, како и за една од најдобрите фигури во својата модна ера…

Италијанската модна дизајнерка повторно е во центарот на вниманието поради една од своите креации, која сега е продадена на аукција и тоа по цена од 180.000 долари. Аукциската куќа „Kerry Taylor“ од Лондон ја продаде „Zodiac“ јакната од оваа креаторка, од нејзината „Astrology“ зимска колекција од 1938/39.

zodi2

Украсена од страна на основачите на „Maison Lesage“, Алберт и Мари-Луис Лесаж, оваа прекрасна тегет плишана јакна ни ја претставува харизмата на целиот универзум со декорации како што се ѕвездите, планетите и сите 12 хороскопски знаци. Ускрасена е со златни нитни и перли во облик на злато, а претставени се и ѕвезди што паѓаат и комети. На рабовите има прекрасни каменчиња кои се посипани со стакленца за да имаат прекрасен сјај.

zodi1

Без сомнение ова е една од нејзините најубави колекции. Марлен Дитрих ја носела оваа креација во една прилика при фото сесија во својата резиденција во 1938 година. Дизајнерката била инспирирана од ноќното небо, кое како малечка го гледала преку телескопот на вујко и. Фантастичните детали и кројки, како и неверојатната моментална состојба на оваа јакна ја прават една од најубавите и најважните парчиња од колекциите на Елза Скиапарели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП