29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОзборн се заканува со разбивање на банки

Озборн се заканува со разбивање на банки

ozborn1

Лондон- Британските банки ќе бидат присилно поделени на помали делови доколку не успеат да ги одвојат малопродажните операции од своите ризични инвестициски вложувања.

„Ова е година кога ќе го рестартираме нашиот банкарски систем“, рече британскиот министер за финансии Џорџ Озборн во говорот пред вработените во американската инвестициска банка „JP Morgan“, во Бурнамаут, на југот на Англија.

„Мојата порака упатена кон банките е јасна: доколку банката ги прекрши прописите, регулаторното тело и министерството за финансии ќе имаат овластување да ја поделат во целост“, вели Озборн.

Тој најави четири клучни промени а тоа се: „потполно ново регулаторно тело со нови овластувања кое ќе ги држи нашите банки сигурни за да не ја загрозат целата економија“, „нови закони кои ќе ги одвојат ризичните и вообичаените активности на банката, со цел да се заштитат даночните обврзници поради можните грешки“, потоа, „потполна промена на културата и етиката во банкарството“, како и „можност клиентите да го добиваат најмоќното оружје: а тоа е изборот“.

Британската влада веќе ги најави плановите со кои ќе ги обврзе банките, до 2019 година да ја одвојат својата работа, за да се избегне ситуацијата кога, даночните обврзници треба да ги спасуваат загрозените банки, како што тоа беше случај со „RBS“ и „Lloyds“ во текот на последната финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП