2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony и Panasonic ја откажаа соработката за OLED екрани

Sony и Panasonic ја откажаа соработката за OLED екрани

sony panasonic

Јапонските електронски гиганти, „Sony“ и „Panasonic“, одлучиле да ја прекинат соработката во производството на телевизиски екрани со органски „LED“ диоди (OLED).

Двете најголеми јапонски компании во секторот на електронски производи за широка потрошувачка, кои во последните години се помалку присутни во инаку дефицитарниот сектор на телевизори, се определиле за развој на конвенционалните „LCD“ екрани за новите телевизиски апарати со 4К технологија.

Екраните „OLED“ кои се користат во производството на паметните телефони и таблети, се применуваат и кај телевизорите, што е особено пракса кај корејската компанија „LG Еlektroniks“, која е лидер во оваа област.

„Sony“ и „Panasonic“ се откажуваат во овој сегмент, пренесуваат јапонските медиуми, најверојатно поради тоа што во прашање е сегмент каде нивните конкуренти од Кореа имаат голема предност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП