9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата елка во светот (фото+видео)

Најскапата елка во светот (фото+видео)

elka4

Хотелот „Emirates Palace“ во Абу Даби соопшти дека оваа година токму тој ја поседува најскапата елка во светот.

elka5

Елката е висока 13 метри и е украсена со дијаманти, бисери и сафири, а вкупно ја красат 181 скапоцен камен. На оваа елка освен лампионите (кои исто така се изработени од злато, сребро, платина и скапоцени камења) висат и скапоцени златни ѓердани, часовници и обетки, кои се изработени во локалните златарници.

elka1

Самата елка чини 10.000 американски долари а заедно со украсите од скапоцени камења, но и низа други вредни украси, нејзината вкупна вредност достигнува неверојатни 11 милиони долари.

elka3

Управата на хотелот ги откри овие детали уште пред неколку денови, со напомена дека се надеваат дека ќе се запишат во Гинисовата книга на рекорди.

elka2

Импозантната елка, е сместена во лобито на хотелот така што сите гости имаат можност да ја видат во полн сјај, и нормално да ги видат сите скапоцени нешта кои висат на неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП