9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната колекција Mikimoto & Hello Kitty (фото)

Луксузната колекција Mikimoto & Hello Kitty (фото)

mikimoto1

„Hello Kitty“ брендот повеќе не е поврзан само со децата и тинејџерите…

Овој прекрасен лик го слави својот 40. роденден во 2014 година, а јапонскиот јувелирски бренд „Mikimoto“ подготвено го дочекува тој датум со лансирање на новата „Mikimoto x Hello Kitty“ колекција.

mikimoto2

Колекцијата е навистина симпатична и се состои од 20 парчиња накит кои се инспирирани од познатата мачка.

mikimoto4

Две парчиња накит од оваа колекција се издвојуваат според својот изглед, но и според цената. Бисерниот ѓердан кој го претставува ликот на „Hello Kitty“ е нагласен со машничка која е направена од рубини и оникс.

mikimoto3

Ова парче накит е придруженo со обетки, кои заедно сочинуваат совршена комбинација. Цената на оваа комбинација ќе ве чини вртоглави 280.000 долари.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП