2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry откажа два телефони од производство

BlackBerry откажа два телефони од производство

blackberry telefoni

„BlackBerry“ откажа два телефони од пониската класа кои започнаа да се развиваат кога на позицијата на Извршен директор беше Торстен Хејнс.

Овие смартфони ги имаа ознаките „Cafe“ и „Kospi“ и беа наменети за пазарите во развој. Според истиот извор, два телефони од високата класа „Ontario“ и „Windermere“ и натаму се очекува да бидат произведени.

Како што споменавме во претходните денови, компанијата „Foxconn“ потпиша договор со „BlackBerry“ за производство на нивните евтини телефони во наредните пет години. Профитот ќе биде поделен помеѓу двете компании. Првиот телефон кој би требало да биде производ од ова партнерство се нарекува „Jakarta“, a неговото појавување се очекува за април наредната година.

„BlackBerry“ исто така ја откажа и својата „LIVE“ конференција за 2014-та година, а се очекува наместо овој настан да бидат оддржани повеќе помали во текот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП