„Velvet Haute Joaillerie“ часовникот за дами, креација на „Roger Dubuis“, беше претставен на саемот „Watches & Wonders“…
Тоа беше еден од најубавите модели на женски часовници на овој саем. Овој елегантен часовник е луксузен предмет за приказ на времето, а во исто време и луксузно и ексклузивно парче накит. Украсен е со дијаманти, рубини и црвен ремен.
Тој е комбинација од суперчасовничарството и изработен е во Швајцарија. Куќиштето има пречник од 36мм и направено е од бело злато. Покрај белите дијаманти, како декорација се користени и рубини, а со тоа е креиран интересен контраст. Часовникот се состои од 172 дела, од 33 скапоцени камења и RD821 автоматски механизам.
Тој е достапен со сатенски ремен во интензивно црвена боја, која е во совршена координација со двата рубина. Куќиштето е едноставно и украсено со 30 дијаманти.