20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот часовник во светот

Најскапиот часовник во светот

hubolt3

Швајцарскиот производител на часовници „Hublot“ го претстави најскапиот часовник во светот чија вредност изнесува 5 милиони американски долари. На изработката на овој часовник работеле 17 луѓе, малку повеќе од една година, односно 14 месеци. Часовникот е обложен со бело злато, и украсен со 1282 дијаманти од 140 карати.

hubolt4

Можност да го видат часовникот, кој ќе биде претставен во Базел, ќе имаат само одбрани поединци, а претседателот на компанијата изјави дека во наредните години ќе биде многу тешко да направат поскап часовник, бидејќи овој часовник на пазарот е број еден и по секое прашање посебен.

hubolt5

Од претходните колекции, најмногу нарачки за ексклузивни часовници од овој производител имало во Азија, а можеби и овој пат сопственик на овој скапоцен часовник ќе биде некој токму од азискиот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП