28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоколку победи Берлускони ќе воведе даночна амнестија

Доколку победи Берлускони ќе воведе даночна амнестија

berluskoni
Премиерот Марио Монти таквото ветување го нарече “пријателски обиди за корупција”.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, во случај на победа на претстојните избори во Италија, вети амнестија за даночните измамници. Тоа следи по неговото неодамнешно ветување на Италијанците, дека на луѓето во земјата ќе им се вратат сите пари собрани од данокот на недвижен имот.

“Апсолутно ни треба (даночна) амнестија. Доколку имаме мнозинство, мислам дека треба да се воведе”, беа зборовите кои Берлускони ги кажа на едно телевизиско интервју.

Предложената амнестија ќе им овозможи на даночните затајувачи да ја регулираат нивната позиција, и да платат само дел од долгот. Берлускони оваа мерка ја има воведено во минатото, но според критичарите честата амнестија само ги поттикнува луѓето на повторно даночно затајување.

Италијанскиот премиер Марио Монти, потегот го одбележа како обид на Берлускони да “купи гласови”. “Можеме да кажеме танте за танте, или дури и дека прави пријателски обид за корупција”, рече Монти во едно радио интервју.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП