20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРусија и Украина сеуште не се договорија

Русија и Украина сеуште не се договорија

gasrusija

Москва и Киев сеуште не постигнаа договор за цената на гасот, изјави во Москва шефот на администрацијата на рускиот претседател Алексеј Песков.

Тој додаде дека контактите и преговорите помеѓу претставниците на двете земји, со цел да се реши проблемот, продолжуваат на експертско и високо ниво.

Украинскиот премиер Николај Азаров, во Киев изјави дека неговата земја ќе вложи максимални напори за тоа колку е можно побрзо да се окончаат преговорите, и со Русија да се заврши со склучување на договор за испорака на горивото за оваа година.

“Ние инсистираме потпишаниот договор за испорака на гас, помеѓу Русија и Украина од 2009 година да се ревидира”, рече Азаров, додавајќи дека договорот помеѓу компанијата Нафтогас Украина и рускиот Газпром останува еден од приоритетите на неговата влада.

Според Азаров, Украина сака Русија да биде еден од партнерите во модернизација на транспортниот систем за гас во украинскиот главен град Киев.
Претходно, украинскиот министер за енергетика и индустријата за јаглен, Едуард Ставицки, рече дека неговата земја ги исполнила сите финансиски обврски кон Русија врз основа на договор за набавка на гас за минатата година.

Меѓутоа, Ставицки рече дека адвокатите ангажирани од страна на Владата сега ја испитуваат основаноста на барањата на Газпром, Украина да плати дополнителни седум милијарди долари, бидејќи минатата година добиле помали количини на гас отколку што било предвидено во постоечкиот договор.
Извори блиски до Газпром, тврдат дека наместо договорените 41.6 милијарди кубни метри гас, минатата година Украина преземала околу осум милијарди кубни метри гас или помалку и заради тоа немало потреба да ги плаќаат пеналите.

Според соопштението од руската страна на овој спор, би требало да се изјасни и Меѓународниот арбитражен суд на Стокјолм. Русија и Украина сеуште не се договорија за цената на гасот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП