3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт купува активи на Morgan Stanley

Роснефт купува активи на Morgan Stanley

rosnefttt

Инвестициската банка „Morgan Stanley“ најави дека планира да го продаде својот дел од нафтениот бизнис на рускиот нафтен гигант „Роснефт“, но сумата не се открива.

Трансакцијата вклучува такви средства на банката како, складирањето, трговијата и транспортот на нафта и нафтени деривати. Во неа, сепак не се вклучени партициите на банката во нафтоводот и во терминалот „TransMontaigne“, тврди банката. Таа, исто така ќе продолжи со трговијата на нафта од името на своите клиенти.

Трансакцијата се врши како позадина на знаците, дека Банката на федерални резерви може да ја промени својата политика и да ги натера банките, вклучувајќи и инвестициските, да не држат стокови средства.

„JPMorgan Chase“ најави дека планира да ги продаде своите стокови средства.

„Околу 100-тина искусни администратори во САД, Велика Британија и Сингапур ќе преминат на работа во „Роснефт“, што е дел од договорот“, изјавија од „Morgan Stanley“.

Државната компанија „Роснефт“ е меѓу најголемите нафтени компании во светот. Во последниот квартал од годината таа е испумпа над 4,8 милиони барели дневно, што е повеќе од американскиот гигант „ExxonMobil“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП