10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft развива паметни додатоци базирани на Windows

Microsoft развива паметни додатоци базирани на Windows

micro, ilustracija

„Microsoft“ ги зголемува своите напори во развојот на паметни додатоци. Компанијата има формирано голем тим од експерти на чие чело е Алекс Кипман, еден од креаторите на „Kinect“.

Една од целите на тимот е развивање и модифицирање на верзија на „Windows“, која ќе се користи во паметните додатоци. Меѓу тест-уредите се рачен часовник, очила со додадена реалност и други слични уреди. Кипман и неговиот тим ги развиваат и „Kinect Glasses“, а нивната идеа е тие да се претворат во вистински производ.

Пред неколку недели Џули Ларсон-Грин, која го предводи одделот за уреди и хардвер на „Microsoft“, навести дека „Microsoft“ е заинтересиран за слични уреди и очекуваат голема иднина во сензорите. Таа објави дека софтверскиот гигант се фокусира на развој на т.н. „природен кориснички интерфејс“ и дека подолго време работат на тоа.

Самиот Кипман во моментов не ги коментира овие информации. Компанијата не брза со овој тип на уреди и засега нема информации дали некој од нив ќе се појави на пазарот во блиска иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП