12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПушачите во Грција се товар за економијата

Пушачите во Грција се товар за економијата

greeksmokers

Еврокомесарот за здравство Тонио Борг смета дека бројот на пушачите во Грција е многу голем и дека тие претставуваат товар за грчката економија.

– Фактот дека во Грција 40 отсто од жените се пушачи, претставува проблем кој треба да се разгледа, предупреди Борг.

Пушењето ја намалува продуктивноста, што се одразува на целата економија на една земја, нагласи еврокомесарот, додавајќи дека тое е проблем во цела ЕУ, каде пушачите денес претставуваат 29 отсто од населението.

Еврокомесарот за здравство во ноември минатата година укажа дека продажбата на цигари секоја година ги зголемува даночните приходи на земјите-членки на Унијата за повеќе од една милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП