3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПарична казна за Google во Шпанија

Парична казна за Google во Шпанија

google spanija

Технолошкиот гигант „Google“ во Шпанија е казнет со парична казна од 900.000 евра, врз основа на прекршување на приватноста.

Се истакнува дека оваа компанија го прекршила шпанскиот закон за зашита на податоците, така што ги поврзувале личните податоци со различни свои сопствени сервиси, без било какви индикации за тоа што ќе се случи со податоците, односно за што ќе бидат користени.

Помалку од милиони евра е само капка во морето за компанијата „Google“, но оваа пресуда е добар пример за тоа како на Стариот континент се гледа на прашањето за приватноста, особено ако таа е поврзана со „cloud“ сервисите. Незначи дека корисниците во Европа се повеќе заштитени, но интересно е тоа што во моментот се водат неколку важни процеси против овој технолошки гигант.

Минатиот месец „Google“ е прогласен за виновен за слични обвиненија во Холандија, а судењата слични на овие се водат во најмалку уште три европски земји.

Агенцијата за заштита на податоците во Шпанија изјави дека инспекцијата покажала дека „Google“ личните податоци ги пренесувал на скоро 100 други сервиси кои се нудат во Шпанија, а корисниците не добија објаснување, зошто овие податоци се мешаат и како ќе бидат употребени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП