3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМеморандум за соработка меѓу колективните управувачи со отпад

Меморандум за соработка меѓу колективните управувачи со отпад

Podzemni kontejneri

Компаниите Пакомак, Еко-пак хит од Кочани и Екосајкл Скопје, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е преку подобра соработка и координација, да се подигне свеста на јавноста за значењето од селективното собирање на отпадот и неговото рециклирање.

Со документот, што го потпишаа три од вкупно четирите регистрирани колективни управувачи со отпад од пакување во земјава, треба да се поттикне поголема вклученост на општините, министерствата и другите државни институции во целиот процес, и да се продолжи со подобрување на инфраструктурата, односно да има поголем број на селективни контејнери за комунален отпад, и специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат.

Колективните управувачи со отпад од пакување Меморандумот ќе го достават до надлежните инстутуции, пред се до Управата за животна средина и Државниот инспекторат при ресорното Министерството, Царинската управа и Државната пазарна инспекција.

Воедно тие ќе побараат подоследно почитување на Законот за управување со отпад од пакување, и санкционирање на сите компании загадувачи кои не плаќаат соодветен надомест на државата или на компаниите управувачи со отпадот.

Согласно Законот, ниту еден малопродажен објект не смее да продава производи од компании кои немаат договор со колективен постапувач, односно ако не финансиират систем за собирање на амбалажата од нивните производи.

Сите компании кои произведуваат или увезуваат производи во Македонија, должни се да се приклучат кон организиран систем, со кој отпадот од амбалажата на нивните производи ќе се собере и однесе на рециклирање или енергетско искористување.

Националните цели предвидуваат до 2020 година над 50 отсто од масата на амбалажниот отпад да се рециклира или енергетски да се искористи. Исполнувањето на овие цели е и еден од предусловите за влез на Македонија во Европската унија.

Во Македонија се создава околу 110.000 тони амбалажен отпад, а само околу 40-45 отсто се пријавува кај колективни управувачи со отпад од страна на производителите.

Од вкупната количина се рециклира само околу 20 отсто, и тоа пред се хартија и пластика, а другиот дел завршува во депониите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП