
Компанијата Самсунг го претстави контролерот Смартфон ГејмПад наменет за мобилни уреди што користат оперативен систем Андроид.


Компанијата Самсунг го претстави контролерот Смартфон ГејмПад наменет за мобилни уреди што користат оперативен систем Андроид.
Смартфон ГејмПад има Д-пад, две аналогни палки, четири копчиња за акција, копчиња селект, старт и плеј, како и копче за вклучување на контролерот.
Игрите „Need for Speed Most Wanted“, „Asphalt 8: Airborne“, „Modern Combat 4: Zero Hour“ и „Virtual Tennis Challenge“ се компатибилни со контролерот на Самсунг.
Апликацијата „Mobile Console“ на корисниците им покажува кои игри се оптимизирани за контролерот и нуди директни линкови за нивно преземање.
Смартфон ГејмПад може да се користи и за Галакси уреди поврзани со телевизиски екран, со што се добива искуство на конзола за игри.