29 март, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Народната банка на Србија (НБС) одлучи да ја намали нејзината основна каматна стапка за 0,5 процентни поени на 9,5 отсто. НБС констатираше дека годишната стапка на инфлација во ноември изнесувала 1,6 отсто, што е под долната граница на дозволената отстапка од целта од четири плус минус 1,5 отсто.

Белград – Италијанскиот автомобилски гигант „Фиат“ е сериозно заинтересиран за излез на рускиот пазар, но надежите за нешто такво се мали, објави белградскиот весник „Данас“. – Очекувам Владата на Србија да постигне договор за извоз на „Фиат 500Л“ на рускиот пазар, што би обезбедило поголем план на производството и отворање на нови работни места во фабриката (на „Фиат“) во Крагуевац, каде моментно се вработени 3.050 работници, изјави генералниот директор на компанијата „Фиат Автомобили Србија“, Антонио Чезаре Ферара.

Белград – Готовината чини најмногу ако ја подигнете од кредитна картична на банкомат или на шалтер во банка која не е матична, објави „Блиц“. Во зависност од банката, бидете подготвени за трансакцијата да издвоите минимум 50 динари (44 евро центи), па до 250 динари (2,17 евра), односно до три отсто од сумата. Ако по некој случај готовината на овој начин ја подигнувате во странство, сметајте на уште поголем трошок кој може да биде и до пет евра.

Белград – Фабриката „Магнохром“ од Краљево има потенцијален купувач, кој е заинтересиран за стратешко партнерство и кој достави понуда до Агенцијата за приватизација. Според директорот на „Магнохром“, Ѓорѓе Косановиќ, понудата е одлична и отворена само до 20 декември оваа година. – По раскинувањето на купопродажниот договор со „Глобал Стил“ и несоодветната реакција на Агенцијата за приватизација на понудата за стратешко партнерство од познатата австриска компанија РХИ, имаме друг сериозен потенцијален партнер. Не можам да ви кажам за која компанија се работи, но нивната понуда важи уште само неколку дена, изјави Косановиќ за Танјуг.

Подгорица – Квадрат апартман на последните катови во вилите во резиденцијалниот комплекс „Дукљански Градиниа“ во Завала кај Будва, чини 8.000 евра. Се работи за пентхаус апартмани со површина од 250 квадратни метри, чија цена е два милиона евра. Токму тие апартмани, според портпаролот на компанијата „Монтер“, Милена Спахиќ, најдобро се продаваат, а купувачи се главно бизнисмени од Азербејџан, Русија и Обединетите Арапски Емирати.

Москва – Инвестициската програма на рускиот енергетски гигант „Газпром“ идната година ќе надмине 800 милијарди рубљи (17,7 милијарди евра), соопшти рускиот премиер Дмитриј Медведев. Инвестициите на „Газпром“, според Медведев, до 2016 година ќе се доближат до сума од билион рубљи (22 милијарди евра). На советување за инвестициската програма на „Газпром“, Медведев рече дека таа практично се однесува на секој жител на Русија. Од неа зависи квалитетот на снабдувањето со енергија и греење, додаде рускиот премиер.

Москва – Развојот на интернет во Русија во следните неколку години може да овозможи отворање на пет милиони нови работни места, изјави рускиот заменик-министер за врски Алексеј Волин. Во обраќање на ИТ конференцијата „Рунет 2013“, Волин рече дека во следните неколку години непосредно во интернет секторот ќе бидат отворени над еден милион работни места. – Индиректно, во таа област ќе има уште повеќе нови работни места. Затоа, кога се говори за задачата која (рускиот) претседател (Владимир) Путин ја стави пред државата за отворање 25 милиони нови работни места, сметам дека од тие 25 милиони, 3 до 5 милиони се во ИТ секторот, рече Волин.

Лондон – Горниот дом на британскиот Парламент, Домот на лордовите, го усвои владиниот план за реформа на банкарскиот систем. Прописите во реформирањето на британскиот банкарски сектор ја отстранија последната законска пречка за воведување на нови правила кои вклучуваат одвојување на малопродажните од инвестиционите сектори на банките. Домот на лордовите ги отфрли барањата на опозициската Лабуристичка партија, која сакаше во банкарските стандарди да биде вклучен системот на лиценци.

Сиднеј – Дефицитот на федералниот буџет на Австралија во тековната фискална година ќе достигне околу 42,3 милијарди американски долари, изјави австралискиот министер за финансии Џо Хоки. Изминатата финансиска година, Австралија ја заврши со буџетски дефицит од околу 17 милијарди долари. Едно од главните ветувања на новата Влада на либерално-националната коалиција, формирана во септември годинава, беше доведување на буџетот во суфицит за три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП