Во текот на 1934-тата година, познатата француска архитектка и дизајнер Шарлот Перианд ја дизајнираше „La Maison au Bord de l’Eau“…
Иако доби второ место од страна на магазинот за архитектура „L’Architecture d’Aujourd’hui“, овој прекрасен концепт никогаш не доживеа да ја види светлоста на денот…. се до денес.
„Louis Vuitton“ создаде реплика за „Мајами Арт“ неделата во соработка со ќерката на познатата архитектка.
Куќата е дизајнирана од ироко и окоуме дрво со рамка изработена од нерѓосувачки челик.
Направена е во Милано и пренесена е во Мајами. Наместена е според желбите на Шарлот, односно со елементи кои таа ги дизајнирала.
Користени се нејзините цртежи и слики од нејзината архива. Секој од елементите во оваа куќа е индивидуално нумериран и потпишан.