19 април, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Брисел – Луѓето кои ја користат виртуелната валута биткоин самите ќе бидат одговарни за своите еветуални загуби, порача регулаторниот орган за банкарство на Европска унија, во официјално предупредување до потрошувачите на опасноста од користење на нерегулираната онлајн валута.

Париз – Монако нема да биде изземен од новиот даночен закон во Франција кој предвидува наплата на данок од 75 отсто на годишните заработки поголеми од едем милион евра. Првично беше предвидено супер-данокот да го плаќаат само поединци кои заработуваат над милион евра годишно, но по протестите кои ги предводеше познатиот глумец Жерар Депардје, Владата на Франција решо и компаниите да бидат опфатени со овој закон.

Берлин – Германскиот финансиски регулатор побара податоци од „Дојче банк“ во рамки на истрагата околу можно манипулирање на цените на златото и среброто. Германската финансиска надзорна агенција БаФин во изминатите неколку месеци спроведе повеќе инспекции и разговори со службеници на банката, објави британскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Берлин – Германскиот „Винтершел“ соопшти дека постигнал договор со унгарската нафтена компанија МОЛ за продажба на 14 лиценци за експлоатација на нафта и гас во басенот на Северното Море во Велика Британија. Ако официјалните институции ја одобрат, трансакцијата ќе биде извршена во првиот квартал од 2014 година. Во соопштението се додави и дека е можна и ревизија на цената на трансакцијата утврдена со договорот.

Мадрид – Шпанскиот јавен долг, кој непрекинато се зголемуваше во текот на петгодишната економска криза, во третиот квартал од оваа година достигна нов рекорд од 93,4 отсто од БДП. Шпанската десноцентристичка Влада, која минатиот месец најави олеснување на мерките за штедење во следните две години, за годинава го определи јавниот долг на ниво од 94,2 отсто од БДП.

Лас Вегас – Американскиот ланец на казина „Лас Вегас Сендс“ се откажа од изградбата на огромно казино во близина на Мадрид, во вредност од 30 милијарди долари. По откажувањето од проектот во Мадрид, американската компанија најави дека ќе продолжи да бара деловни можности во Азија.

Њујорк – Глобалната економија излегува од двегодишната фаза на успорен раст и во 2014 година ќе порасне за 3,3 отсто, прогнозира влијателната американска групација ИХС. Според прогнозите, оваа година растот на глобалната економија ќе изнесува 2,5 отсто.

Њујорк – Пет години по „Големата рецесија“, прво финансиската, а потоа и глобалната економска криза, американските регулатори го усвоија т.н. Волкерово правило. Волкеровото правило треба да биде еден вид „семафор“, чие „црвено светло“ ќе го спречи хазардерскиот однос на американската финансиска индустрија која во 2008 година за малку ќе го донесеше светот до економски крах.

Канбера – Австралискиот долар ослабе во однос на американскиот, откако гувернерот на австралиската централна банка Глен Стивенс изјави дека посакува курс на една австралиска валита од 85 американски центи. Само неколку недели по изјавата дека валутната интервенција спаѓа меѓу неговите алатки, Стивенс потенцира дека повеќе е за поттик на стопанството преку ограничување на курсот на австралискиот долар, отколку за намалување на клучните каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП