4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Шпанија има 4,98 милиони невработени

Во Шпанија има 4,98 милиони невработени

spain2

Бројот на невработени лица во Шпанија во јануари се зголеми на 4,98 милиони, покажуваат објавените податоци на шпанското Министерство за труд.

Бројот на официјално невработените лица во четвртата најголема економија во еврозоната, во јануари се зголеми за 2,7 проценти, или за 132,055 луѓе, во споредба со претходниот месец, пренесува агенцијата АР.

Според податоците кои беа објавени минатиот месец, стапката на невработеност во Шпанија се зголеми на 26,02 проценти во четвртиот квартал – што е највисокото ниво од воспоставувањето на шпанската демократија по смртта на генералот Франк Франсис во 1975 година.

Во соопштението на министерството додаваат дека јануари бил традиционално тежок месец за шпанскиот пазар на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП