17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс воведува диетална храна

Мекдоналдс воведува диетална храна

mekdonalds-diet

Американскиот ланец на ресторани за брза храна, “Мекдоналдс”, кој е мега-популарен ширум светот, веќе неколку месеци бележи загуби.

Лидерите на компанијата се одлучиле да воведат иновации во менито за ги привлечат и љубителите на здравата исхрана. Ниту ниските цени што ги воведе најголемиот производител на брза храна во светот, не донесоа профит.

“Според статистичките податоци, 55 отсто од нашите клиенти имаат намалени приходи, и ние со значително намалување на цените на производите се обидовме да го зголемиме бројот на корисници, но и тоа не беше доволно”, вели потпретседателот Дејвид Хенкс.

Новиот начин на живот и навиките на просечниот потрошувач, дури и начинот на исхрана, ги принуди лидерите на “Мекдоналдс” да воведат коренити промени во својата бизнис стратегија. Подготовката на здравата храна бара повеќе време.

“Иновациите во исхраната несомнено може да ја забават подготовката на оброците, па затоа мораме да бидеме внимателни храната од варен зеленчук да биде брзо подготвена, но истата да не биде поскапа од хамбургер”, вели Хенкс.

“Мекдоналдс” најави продажба на своето кафе во супермаркетите, со цел да го зголеми профитот и да го оправда мотото “Тоа е она што го сакам.”

Штета што го немаме овој бренд во нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП