28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm доби нов Извршен директор

Qualcomm доби нов Извршен директор

stiv molenkopf

Во „Qualcomm“ избраа нов извршен директор, а тоа ќе биде Стив Моленкопф, досегашниот „COO“ на компанијата. Актуелниот „CEO“, Пол Јакобс на оваа позиција е од 2005-та година.

Моленкопф на должност ќе стапи на 4-ти март, а тој е дел од „Qualcomm“ веќе 20 години. Во текот на овој период компанијата стана една од најголемите производители на чипсетови и „LTE“ компоненти за мобилните уреди. Пол Јакобс по заминувањето од функцијата ќе продолжи да служи како извршен претседател на Управниот одбор.

Интересно, само ден пред објавата дека Моленкопф ќе ја превземе водечката позиција во „Qualcomm“, „Bloomberg“ објави информација дека тој е еден од потенцијалните кандидати за нов „СЕО“ на „Microsoft“. Но како што се претпоставува, оваа приказна паѓа во вода, а наследник на Стив Балмер ќе биде некој друг.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП