2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Сарачини во работна посета на САД

Министерот Сарачини во работна посета на САД

saraciniusa1

Министерот за економија Ваљон Сарачини, од денеска до 10 февруари ќе престојува во работна посета на САД, во чии рамки ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок што го приредува претседателот Барак Обама.

За време на престојот во Вашингтон и во Њујорк, информираат од Министерството за економија, министерот Сарачини ќе оствари средба со претставниците на Стопанската комора на Менхетен, со цел иницирање соработка помеѓу коморите на Република Македонија и САД, што отвора можности за поголема соработка на компаниите од двете земји.

Во текот на посетата, министерот за економија ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија и најактуелните инвестициски проекти пред заинтересираните инвеститори од САД и претставниците на албанската дијаспора од Македонија.

– Престојот во САД, министерот Сарачини ќе го искористи и за посета на Fast Pack Trading, најголемиот увозник и дистрибутивен центар на македонски производи во САД, а заедно со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе остварат средба со Авни Мустафај, претседател на Албанско-американскиот национален совет, соопшти Министерството за економија.

Со цел предлагање и договорање идни проекти, се додава во соопштението, Сарачини ќе има работен состанок со Пејџ Александер, одговорен администратор на УСАИД за Европа и Азија, а ќе ја посети и компанијата Бенџамин М Корп. со седиште во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП