5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеизвесен буџетот за Европската унија

Неизвесен буџетот за Европската унија

bu1

Францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди дека изгледите да се постигне договор за буџетот на Европската унија за наредните седум години се слаби.

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека преговорите за буџетот ќе бидат премногу тешки, и можеби ќе биде потребно повеќе време за да се дојде до договор.

Европските лидери во претходните разговори не можеа да ги отстранат несогласувањата околу барањата за намалување на буџетот. За ова тие ќе се обидат повторно на самитот во Брисел кој ќе се одржи во четврток и петок.

„Ние ќе сториме се што е можно за да се постигне договор на следниот самит, но во овој момент, сеуште не се стекнати условите за тоа. Имаме уште неколку дена“, изjави Оланд.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј предложи буџет од 973 милијарди евра, што е малку повеќе од еден процент од БДП на европскиот блок.

Меѓутоа, европските лидери не можеа да ги отстранат несогласувањата околу барањето за намалување на буџетот, кое го предложија поединечни членки.

„Се надевам дека сме во состојба да постигнеме договор. Ќе се обидеме да го почитуваме договорот околу пакетот, околу кој имавме проблеми во ноември. Мислам дека тој систем ќе биде праведен“, изјави Марио Монти.

Привилегиите во буџетот на ЕУ досега беа предвидени за Велика Британија, Германија, Шведска, Холандија и Австрија, но се почесто се слушаат апели, земјите со привилегии да се откажат од нив и добиените пари да ги искористат за вработување на младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП