19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИ здравата храна може да предизвика проблеми!

И здравата храна може да предизвика проблеми!

zdravahrana1

Овошјето, зеленчукот и житарките се здрави. Но за жал, не за секого. Виенскиот специјалист за исхрана, професор Хадемар Банкхофер, објаснува зошто некои лица после консумирање на здрави намирници не се чувствуваат добро.

Кивавица и осип по телото

Според зборовите на Банкхофер, модрите домати и рибата може да предизвикаат хронична кивавица, проследена со затнат нос. Причинител на ваквите тегоби е ткивниот хормон хистамин кој го внесуваме по пат на овие намирници.

Последните неколку години доматите се особено актуелни поради тоа што се богати со витамини и минерали, но пред се со пигментот ликопен. Меѓутоа, тој е за некои лица фатален бидејќи тирозинот и серотонинот предизвикуваат отоци и осипи, како и јадеж по целото тело.

Причини за здравствени тегоби

Станува збор за нетолеранција на одредени намирници. Според Банкофер тие со тек на време може да доведат до воспаление на слузницата на цревата. Имуниот систем се обидува да го санира воспалението и создава одбрамбени механизми. Меѓутоа, при понатамошно консумирање на истите намирници одбранбениот систем станува се пооптеретен.

Пореметување на сонот и главоболка

Кивито денес го нарекуваат витаминска бомба. Ги препорачуваат особено за време на студените периоди. Но ова овошје, според зборовите на професорот, кај лица кои не го поднесуваат може да предизвикаат пореметување на сонот, кој пак понатака може да биде причина за депресивно расположение.

Лебот е драгоцена и здрава намирница кога се користи во разумни количини, но многу лица после неговото консумирање добиваат главоболки или пак се чувствуваат раздразнето и исцрпено. Зад тоа се крие протеинот глутен кој се наоѓа во пченицата, ‘ржот и јачменот. Некои индивидуи не го поднесуваат. Пченкарниот леб не содржи глутен и не е причина за вакви тегоби.

Во случај да се појави нетолеранција кон некоја намирница, задолжително треба да се јавите на лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП