5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Европските берзи се изненадувачки моќни“

„Европските берзи се изненадувачки моќни“

berza11

На европските берзи утрово се тргува внимателно, бидејќи најважните индекси се на највисоко ниво во последните неколку години, па можна е консолидација на пазарот.

ФТСЕурофист индексот на 300 водечки европски акции утрово во 9,30 беше во плус 0,1 проценти, на 1169,65 поени. Во исто време, лондонскиот ФТСЕ беше во минус 0,2 проценти, франкфуртскиот ДАХ 0,1 проценти, а парискиот ЦАЦ 0,07 проценти.

„Европските берзи се изненадувачки моќни. Гледаме јасни сигнали за подобрување, а до крајот на денот индексите би можеле повеќе да зајакнат, бидејќи дел од инвеститорите при пад на цената на акциите ја искористуваат поволната прилика за купување. Трендот останува позитивен“, изјави стратегот Гери Гелај.

На берзата во Токио индексот Никеи денес зајакна за 0,62 проценти, на 11,260 поени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП