22 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Еврото е премногу силно“

„Еврото е премногу силно“

evro2

По скокот на еврото во однос на американската и јапонската валута, министерот за економија на Франција, Пјер Московиси, оцени дека од некои аспекти еврото е премногу силно.

Според неговите зборови, вредноста на еврото ќе има лошо влијание на францускиот извоз.

Европската валута во петокот достигна вредност од 1,3711 долари, што е највисоко ниво од средината на ноември 2011 година.

Еврото се зголеми во однос на јапонскиот јен, достигнувајќи курс од 126,97, што е највисоко ниво од април 2010 година.

Скокот на еврото го обновува оптимизмот во поглед на економските перспективи во еврозоната, но за француската влада, ова зголемување е загрижувачко, особено за извозот.

Францускиот министер за индустриски развој, Арно Монтебург, исто така, изрази загриженост во врска со зајакнување на еврото, велејќи дека ќе има негативни ефекти врз европската економија, а не само на француската.

Тој наведе дека порастот на еврото за само 10 центи, претставува една милијарда евра помала продажба за ЕАДС, најголемата европска воздухопловна корпорација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар