3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузни колекционерски предмети од Louis Vuitton (фото)

Луксузни колекционерски предмети од Louis Vuitton (фото)

lu1

Се што е ретко или ограничено издание, претставува совршен подарок за посветените колекционери…

А уште кога тој производ го носи логото на „Louis Vuitton“, тогаш може да биде окарактеризиран како нешто најбарано и повеќе од луксузно. Оваа сезона ви претставуваме еден подарок, лимитирано издание и редок предмет од „Louis Vuitton“, односно сет за Табла и префинет керамички пепелник.

Доколку ова го додадете во својата колекција, ќе бидете една од неколкуте личности кои го имаат тоа. И двата предмети се произведени пред 60-70 години и имаат неверојатна вредност, поради својата вонвременска привлечност и сјајната сочуваност.

Овој редок сет за Табла е направен во Франција во 1950 година. До ден денес, тој ги содржи сите свои оргинални делови и е во многу добра состојба. Претставен е во познатата кожна торба, а е направен од платина и дрво.

„Louis Vuitton“ керамичкиот пепелник е достапен за купување по цена од 1.600 долари, додека пак, сетот за Табла е проценет на 3.800 долари.

lu2

lu3

lu4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП